Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анкета: Три четвртини од Украинците се против големи територијални отстапки во замена за мир

/

пред 302 дена

Сподели преку :

Три четвртини од Украинците се противат на големи отстапки како дел од мировниот план, покажа анкета спроведена во Украина, чии резултати беа објавени денеска.

Анкетата на Меѓународниот институт за социологија во Киев (КИИС) покажа дека 72 отсто од Украинците се подготвени за договор со кој се замрзнува сегашната линија на фронтот и содржи одредени компромиси.

Сепак, 75 отсто од испитаниците сметаат дека план што вклучува отстапување на територија и ограничување на војската без безбедносни гаранции за Украина е „целосно неприфатлив“.

Анкетата е спроведена помеѓу крајот на ноември и средината на декември и опфати 547 испитаници на територијата контролирана од Украина.

Извршниот директор на КИИС, Антон Хрушецки, рече дека јавното мислење за ова прашање останало стабилно во последните месеци.

Шеесет и три отсто од Украинците се подготвени да продолжат со борбите, а само девет отсто веруваат дека војната ќе заврши до почетокот на 2026 година.

Според анкетата, само 21 отсто од Украинците му веруваат на САД – што е пад од 41 отсто од минатиот декември. Довербата во НАТО, исто така, падна на 34 отсто од 43 отсто во истиот период лани.

Американскиот претседател ДоналдТрамп, исто така, повторно повика да се одржат избори во Украина, што е забрането поради вонредната состојба.

Зеленски, чиј прв мандат истече минатата година, овој месец навести дека би бил отворен за нови избори доколку САД го преземат водството во гарантирањето на безбедноста.

Сепак, само девет отсто од Украинците сакаат избори пред завршувањето на борбите, покажа анкетата на КИИС.