Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска отвори предмет за лиценците

/

пред 1110 дена

Сподели преку :

Антикорупциската комисија оформи предмет за набавката на лиценци во Владата. Постапила по анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор со Мајкрософт за лиценци и сервиси во вредност од околу 26 милиони евра“.

Предметот е распределен за работа и веќе се постапува по него, информираше Комисијата. Ова е воедно и одговор на прозивките од ВМРО ДПМНЕ.

Неколку дена партијата го повторува прашањето „како е можно за лиценци да се платат 40 милиони евра на фирма во која доминира колега на премиерот“, на што СДСМ возврати дека сите институции се обврзани да користат лиценцирани софтвери и дека пиратеријата е кривично дело.