Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска бара прецизни правила за медиумско претставување во изборните кампањи

/

пред 351 дена

Сподели преку :

Двосмислена терминологија која може да се толкува различно, нецелосна опфатеност на сите учесници во изборната кампања и неусогласеност на дефинирањето на учесниците во кампањата со рекламниот простор во електронските медиуми.

Ова се трите регулаторни ризици кои Антикорупциска ги утврдила во Изборниот законик во делот за медиумско претставување.

Извештајот од антикорупциската проверка на одредби од Изборниот законик, ДКСК ќе го достави до институциите со цел да се направи усогласување на одредени членови за да се прецизира дефинирањето на учесник во изборна кампања, но и рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници.

T.Д.