Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска го пишува одговорот до Собранието

/

пред 432 дена

Сподели преку :

Антикорупционерите попладнево го пишуваат одговорот до Собрнаието, коешто побара мислење од Антикорупциската комисија дали постапката за избор на нејзин претседател треба да продолжи или да биде ставена во мирување  откако викендов беа рапсишани локалните изборите. Како се произнеле ќе ја известат јавноста утре откако ќе го испратат одговорот до Собранието.

  • До ДКСК е доставено барање од Собранието. Комисијата го разгледува истото на колегиум и утре ќе биде доставен одговор до Собранието.

А токму утре на пладне собраниската комисија за избори и именувања има седница за избор на членови на комисијата која ќе ги сослушува пријавените кандидати за нов претседател на Антикорупциска.

ДКСК вчера објави известување поврзано со локалните избори и во него е наведено дека немаат надлежност да даваат мислења.

Антикорупциска остана без претседател откако  Татјана Димитровска која си поднесе оставка по обвинението за две кривични дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.