Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска ќе ги решава биографските мистерии на новиот директор на тајната служба

/

пред 736 дена

Сподели преку :

Многу мистерии со биографијата, многу потешкотии и законски прешки за редовно вршење на функцијата директор на тајната служба АНБ. Свежата директорска кариера на Бојан Христовски сега ќе ја испитува и Антикорупциската комисија. Ќе проверува дали ги исполнува условите за да биде директор на Агенцијата за национална безбедност.

„Отворивме предмет по анонимна пријава. Со претставката се оспорени законските услови кои се обврзувачки за избор на директор на АНБ. Станува збор за претставка во која се оспоруваат три законски услови: припадност на политичка партија, образование и безбедносна проверка за директорка функција“, изјави телефонски за Телма, Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК.

Оспорени се три од вкупно 10 услови за директор, а биографијата на Бојан Христовски не ја објави владата, туку Факултетот за безбедност на кој Христовски стана кандидат за асистент во ист ден кога и ја презеде функцијата во АНБ. Христовски бил вработен во УБК од 2006-та до 2017-та, а го вработиле како дипломиран тренер по кик бокс со завршен факултет за физичка култура.

Лани завршил втор факултет. На 40-годишна возраст завршил економски факултет на универзитетот за Туризам и менаџмент во Скопје, со што успеал да го исполни условот за директор. Во пауза меѓу факултетите за физичка култура и за економија, магистрирал на безбедност на тема „Дерадикализација на „странски борци“, како дел од процесот на ресоцијализација во казнено-поправните установи во Република Македонија во насока на превенција на тероризмот.

Има и партиски ангажман,. До лани во ноември бил партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ, но како што изјави во интервјуто за КОД на Телма – се отчленил кога бил вратен на работа во МВР, по одлука дека бил дискриминиран од претходната власт. Оспорена му е и безбедносната проверка, тој потврди дека нема сертификат државна тајна и ја почнал постапката, откако бил назначен за директор.

Тоа значи дека при работи во АНБ, кога во прашање се државни тајни, директорот не смее да биде во просторијата и неговата улога треба да ја преземе заменикот. Во интервјуто со Христовски, го прашавме кога и како му е завршена безбедносната проверка, за да се утврди дали „не постои безбедносен ризик за негово именување“.

Сега АНБ, чиј директор е, ќе треба да го проверува дали може да добие сертификат државна тајна. Од ДКСК велат дека ќе го проверуваат и тој процес.

Сите членови на ДКСК да добијат безбедносни сертификати. Две такви постапки веќе се закочени, за назначувањето на Ивана Стојановска за заменик директорка во Агенцијата за разузнавање и за изборот на генералот Сашо Лафчиски за началник на Генералштабот. Надлежните институции испратиле класифицирани одговори за тоа дали ги исполнуваат услови со што ја закочиле постапката. Дали владата и АНБ, исто така, ќе ја закочат постапката со доверливи одговори за биографијата на Христовски ќе се знае најдоцна за 15 дена, колку е законскиот рок за одговор.

Миомир Серафиновиќ