Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апасиев ќе дојде на лидерска, Филипче нема, Ахмети се мисли

/

пред 264 дена

Сподели преку :

„Левица“ засега е единствената партија од опозицискиот блок која потврди учество на лидерската средба што премиерот ја закажа за утре. Социјалдемократите ја одбија поканата уште пред да ја добијат, а ДУИ ќе одлучат на вечерашната седница на генералниот Совет на партијата.

Се очекува, сите што ќе дојдат да имаат и свои барања и услови. Барањата на „Левица“ се една изборна единица и еднаков медиумски пристап за сите партии. Промена на изборниот модел во една изборна единица, отворени листи и без праг побараа и од ДОМ и покрај тоа што, како вонпарламентарна партија, не се поканети на средбата. Но, ја поздравија можноста за дијалог.

ДУИ веќе побараа „Бадентер“ при изборот на Влада, како и примена на истото правило во Уставниот суд при одлучување за закони носени со Бадентер и се очекува овие прашања да ги отворат и утре. За Законот за прекршоци, потребен за да профункционира казнувањето преку Сејф сити, е потребно двотретинско мнозинство и тука одлучувачка улога може да имаат и СДСМ, но тие нема да одат на средбата. Сепак, и денеска предупредија дека техничката влада мора да остане.

„Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори. Укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните. СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните“, повторија во партиско соопштение.

Покрај укинувањето на техничката влада, на лидерската средба, според најавите, ќе се зборува и за реформските закони за кои е потребно Бадентерово или двотретинско мнозинство во Собранието, како и за изборот на Народен правобранител.

Далиборка Демјанска Цветановска