Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апликации за Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата преку порталот „Е-услуги“

/

пред 1456 дена

Сподели преку :

Од понеделник, 17 октомври, во 8 часот, ќе биде отворен системот за електронско аплицирање на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Годинава  електронското аплицирање целосно ќе се спроведува преку националниот портал е-услуги, а не преку веб-страницата на Министерството за култура, со цел дополнително да се поедностави процедурата, на апликантите да им се заштеди и време и средства за неопходните документи кои сега директно ќе можат да ги преземаат и да ги прикачуваат.

Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот. За првпат, од оваа година, и решенијата за прифатени, одбиени или отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат.

„Од оваа година, преку националниот портал е-услуги, автоматски ќе биде оневозможено да се конкурира со повеќе проекти од утврдените во правилата на Конкурсот. Затоа, и во оваа пригода ги замолувам корисниците  да обрнат внимание на Општите услови и на условите за аплицирање во секоја дејност одделно. Особено во делот кај условите, со колку проекти може да се конкурира по дејност бидејќи, да повторам, системот автоматски нема да дозволи физичко или правно лице да аплицира во повеќе дејности од пропишаните“, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.