Иранскиот министер за надворешни работи Сајед Абас Арагчи американските напади врз нуклеарни постројки ги нарече скандалозни и предупреди дека ќе имаат трајни последици.
Арагчи, преку социјалните мрежи, обвини дека нападите претставуваат тешко прекршување на Повелбата на ООН.
Секоја една членка на ООН треба да биде загрижена поради ова исклучително опасно, незаконско и злосторничко однесување, напиша Арагчи на Х.











