Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атанасовски: По 35 години независност сме во пат позиција, се наоѓаме на мртва точка, очекувам дополнително поларизирање на македонската политичка сцена

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Очекувам дополнително поларизирање на македонската политичка сцена, на препукување меѓу власта и опозицијата, кој повеќе украл, кој повеќе е неспособен, обвинувања преку прес-конференции, правење на антикорупционери од политичките елити, но тоа ќе нема никаква завршница, смета политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Се наоѓаме во една пат позиција по 35 години на независност, каде по сите параметри и општествени норми на живеење, граѓаните очекуваат подобрување на севкупниот животен стандард или подобрување на законските и општествени амбиентални услови, ние се наоѓаме на една мртва точка. Состојбата во правосудството е апсолутно катастрофална и незадоволителна, состојбата во јавната администрација исто така, ретко кој од граѓаните се задоволни од животниот стандард. Да не говорам за амбиенталниот воздух и животната средина, состојбите во здравството, образованието, културата“, рече Атанасовски.

С.Д.