Авион на „Ер Канада експрес“ при слетување на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк се судри со возило на земја.
Поради инцидентот, американската Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) ги приземји сите авиони поради, како што наведе, вонредна состојба.
Американската телевизија „Ен-Би-Си њуз“ објави дека четири лица биле повредени во инцидентот, а според извори на телевизијата, противпожарното возило во кое удрил авионот го управувале полициски службеници.
Последните извештаи велат дека пилотот и копилотот на авионот им подлегнале на тешките повреди, додека кај две службени лица биле констатирани скршеници на екстремитетите, но се во стабилна состојба и се наоѓаат во болница.
BREAKING: Several injuries after Air Canada plane and firetruck collide on runaway at New York’s LaGuardia Airport pic.twitter.com/cO6u5HD1YA
— BNO News (@BNONews) March 23, 2026
Авионот CRJ-900, кој доаѓал од Монтреал, удрил во возилото со брзина од околу 39 километри на час, соопшти веб-страницата за следење на летови „Флајтрадар 24“ (Flightradar24), која последните податоци ги снимила во 23:37 часот по локално време, односно во 4:37 часот според средноевропско.
„Ер Канада“, ФАА и противпожарната служба на Њујорк сè уште не го коментирале инцидентот.











