Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Авионот на полска компанија принудно слетал во Подгорица откако патничка го пријавила сопругот дека има бомба

/

пред 762 дена

Сподели преку :

Авион на полска компанија принудно слетал на аеродромот во Подгорица откако пилотот  пријавил дека има дојава дека во авионот била поставена бомба. Оваа информација е потврдена за порталот RTCG.

Имено, една полска државјанка пријавила дека нејзиниот сопруг имал бомба во авионот, откако таа наводно останала на аеродромот, па сакала да се одмазди.

Аеродромот официјално соопшти дека нешто пред 17 часот денеска на аеродромот во Подгорица е започната вонредна инспекција на авионот на националната полска авиокомпанија „Лот Полиш ерлајнс“.

На терен е и полицијата, како и полициската антидиверзантска заштита.

Авионот бил изолиран и далеку од патничкиот терминал. Патниците биле безбедни, а летовите на аеродромот се одвиваат непречено, стои во соопштението.