Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австралија ќе и донира на Украина 49 тенкови „Абрамс“

/

пред 734 дена

Сподели преку :

Австралија ќе и подари на Украина 49 стари американски борбени тенкови „М1А1 Абрамс“, соопшти во Брисел, австралискиот министер за одбрана Пет Конрој. За австралискиот трансфер претходно беше потребна и дозвола од САД, согласно регулативите за меѓународниот сообраќај со оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави оваа иницијатива и изрази „благодарност“ до земјата. Украина ја доби првата серија на тенкмовите „Абрамс“ во септември 2023 година, испорачани од САД.

Делот од австралискиот контингент е наменет и за складирање на резервни делови. Најновиот австралиски пакет е вреден 245 милиони австралиски долари. Со ова вкупната австралиска воена помош за Украина од руската инвазија во 2022 година изнесува 1,3 милијарди австралиски долари, а вкупната австралиска поддршка на 1,5 милијарди.