Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автоматска пушка, пиштол и револвер се најдени во дом на охриѓанец

/

пред 169 дена

Сподели преку :

Во дом на 51 годишен охриѓанец најдени се автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки.

Претресот следувал откако охриѓанецот бил уапсен зашто полицијата кај него нашла бела грутчеста материја. Тој е задржан во полициска станица.

Настанот се случил вчера околу 11 часот во паркот во Охрид, кога полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Х.(51) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

„Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки“, соопштија од полицијата и најавија дека против охриѓанецот ќе се поднесе кривична пријава.