Шест луѓе се повредени за време на денешната трка во Осиек, откако еден од натпреварувачите загубил контрола врз возилото и завршил меѓу гледачите крај патеката. По укажаната медицинска помош во клиничко-болничкиот центар во градот, сите се пуштени на домашно лекување.
Двајца од нив се здобиле со скршеници, но ниту еден не е во животна опасност.
Според првичните, неофицијални, информации, како што пренесуваат хрватските медиуми, до несреќата дошло поради прегреаност на автомобилските гуми и нивно пукање.
Првичните полициски извештаи велат дека возачот на автомобилот не е повреден, ниту пак бил во алкохолизирана состојба.











