Возилото со кое патувал српскиот претседател Александар Вучиќ доживеа мала несреќа, кога во возење се дупна гумата, поради што српскиот претседател беше приморан патувањето да го продолжи со друго возилото.
Според српските медиуми никој не бил повреден во инцидентот, но бидејќи станува збор за безбедноста на шефот на државата била отворена истрага.
На социјалните медиуми се шири видео, наводно од камера на возилото од обезбедувањето на претседателот, кое возело за него. На видеото се гледа како во еден момент зад автомобилот се крева прашина и тој се занесува лево и десно, и кратко потоа гумата отпаѓа од тркалото.
View this post on Instagram











