Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Азески: Политичките елити го кочат развојот на бизнисот и економијата

/

пред 1294 дена

Сподели преку :

Остри тонови и сериозни критики упати претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески, за начинот кој се водат и креираат економските политики во државата во минатото и моментов. Вината ја лоцираше во политичките елити кои на бизниот му креираат проблеми со цел да останат на власт наместо да овозможат услови за напредок.

Вицепрмиерот Битиќи е дециден дека соработка има за разлика од минатото, но станува збор за две различни стојалишта и гледишта и нагласи дека мерките на Владата немаат цел да направат штета на бизнис секторот

Азески тврди дека и покрај средбите меѓу бизнис секторот и Владата, надлежните немаат слух.

Бизнисот е кохезионен фактор и може само да придонесе и помогне во надминување на проблемите на Балканот која оваа генерација не може да ги реши и затоа мора да се донесе и усвои концепт за развој на економијата во западниот Балкан во наредните 10 години, фирмите да бидат конкурентни на европскиот пазар и да се запре миграцијата и одливот на кадар.

Денеска во Скопје се одржа регионална конференција на тема „како да се обезбеди поголема соработка меѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“ во оргaнизација на Стопанската Коомора на која присуствуваа претстaвници на бизнис секторот од повеќе држави од регионот.

Огнен Чанчаревиќ