Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Азиските берзи во пад по нападот врз Иран

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Глобалните финансиски пазари започнаа со негативна динамика утрово, како реакција на американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти, што ја зголеми неизвесноста за Блискиот Исток и светската економија.

Во Тајпеј, берзантските индекси на тајванската берза, брзо паднаа за речиси 500 поени, што претставува пад од 2.3% во раните часови на тргување. Индексите во Сеул неколку минути по отварањето на берзата забележаа пад од 1,6 отсто.

Аналитичарите предупредуваат дека Јужна Кореја, како и Тајван, е силно зависна од увоз на нафта преку Ормускиот Проток, што дополнително го зголемува ризикот и пазарната нестабилност. Во Токио, индексот Nikkei забележа пад од 0.6% во утринското тргување.

Сепак, аналитичарите велат сè уште е рано инвеститорите да реагираат панично. Дел од пазарот смета дека ова би можело да биде краток конфликт.