Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бабиш: Нема да дадеме ниту круна за Украина, владата нема пари ниту за Чешка

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Андреј Бабиш, чија партија победи на парламентарните избори во Чешка и кој потенцијално е иден премиер на земјата, порача дека нема да испрати ниту една круна од државниот буџет за Украина додека војува против руската инвазија.

„Нема да дадеме ниту круна на Украина од нашиот буџет за оружје“, објави лидерот на десничарската АНО, велејќи дека владата нема пари ниту за Чешка.

Бабиш истакна дека Киев веќе прима милијарди финансиска помош од Европската Унија. Тој додаде дека чешките компании за производство на оружје може да продолжат за извезуваат во Украина и го повика НАТО да ја усвои чешката иницијатива за муниција.