Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бадникови празнувања во главниот град – коледарчиња од рано наутро го најавија христовото раѓање

/

пред 1384 дена

Сподели преку :

Со изгревање на сонцето, уште рано наутро на Бадник се слуша гласот на децата бадникари, кои со своите песни за здравје и бериќет го симболизираат христовото раѓање.

Ореви, костени, посни колачиња и парички. Домаќинките ги израдуваа најмладите.

Со изведба на бадниковата химна, кревање на знамето и осветување на бадниковите гранчиња. Вака пред Соборниот храм започна прославата на празникот Бадник, кој во христијанската традиција ја симболизира радоста на верниците за Христовото раѓање-Божик.

Бројни верници пред портите на храмот ги дочекаа бадникарските кумови и здравичарот кои ја кажаа својата здравица и им посакаа на верниците со многу здравје, мир и благосостојба да го дочекаат и овој Божиќ.

Потоа следеше примопредавање на Бадникарскиот ќуп и испраќање на новите кумови до пајтонот.

Граѓаните во пресрет на утрешниот празник посакаа здравје, среќа и љубов.

Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божикните пости. Македонците со голема почит ги одбележуваат овие големи празници, кога секој треба да го заборави лошото и да ѝ даде можност на добрината да ги усреќи луѓето.

Тамара Марковска