Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден го потпиша Законот за буџет со кој се избегна блокадата на федералните служби

/

пред 944 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за буџет, што рано утринава го изгласа  Конгресот со големо мнозинство гласови, и истиот го оцени како инвестиција во Американците, во зајакнувањето на економијата и националната безбедност.

Демократскиот претседател го повика Конгресот да ги усвои и другите нацрт-закони што се заглавени во една од двата дома на Конгресот.

-Двопартискиот Закон за буџет што штотуку го потпишав ја одржува владата отворена, инвестира во американскиот народ и ја зајакнува нашата економија и националната безбедност, рече Бајден.

Сенатот, во кој демократите се мнозинство, го усвои Законот за буџетот со 74 гласа „за“ и 24 „против“.

Клучните федерални служби, вклучувајќи ги Стејт департментот, домашната безбедност, Министерството за правда и Министерството за финансии, ќе продолжат да се финансираат до 30 септември или до крајот на фискалната година.

Но, законот не вклучува финансирање на помошта, главно воена, за Украина, Тајван или Израел, што е содржано во друг документ за кој гласаше Сенатот, но мнозинството републиканци во Претставничкиот дом не даде зелено светло.