Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американска муниција за напади на руска територија, под услов тие да бидат ограничени на цели во близина на границата во регионот Харков.
Одлуката е донесена откако Русија постигна значителен напредок во областа околу овој град во североисточна Украина.
Олабавувањето на ограничувањата означува прекин на долгогодишната политика и доаѓа во услови на зголемен меѓународен притисок од сојузниците на САД.
Киев побара од Вашингтон да ја промени својата политика откако руските сили изминатите неколку недели забележаа напредок во севериосточниот регион, па со оваа одлука Украинците сега можат да ги гаѓаат руските сили, складиштата за муниција и логистичките центри во близина на границата со американски ракети.
Сепак администрацијата на Бајден одлучи да не дозволи Украина да ја користи најмоќната муниција што ја добила од САД за напад на руска територија. Станува збор за ракети со долг дострел „ATACMS“, кои можат да погодат цели оддалечени 300 километри.











