Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден и Харис покрај Трамп и Ванс – одбележување на 23-годишнина од нападите на кулите близначки во Њујорк

/

пред 770 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис застанаа покрај поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс на одбележувањето на 23-годишнината од нападите на 11 септември на кулите близначки во Њујорк, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

Не беа закажани изјави на таканаречената локација „Граунд нула“, каде авионите ги срушија двата облакодери на Светскиот трговски центар. Имињата на загинатите ги прочитале нивните роднини.

Харис, демократска претседателска кандидатка и Трамп, нејзиниот републикански ривал, се појавија заедно денеска наутро по бурната дебата во Филаделфија, само осум недели пред претседателските избори на 5 ноември.

Харис и Трамп се ракуваа и кратко зборуваа непосредно пред комеморацијата.

По Њујорк, Бајден и Харис планираат да летаат за Шенксвил, Пенсилванија, каде што патниците на летот 93 на Јунајтед ги задржаа терористите и авионот се урна во поле, спречувајќи нов напад. Тие потоа ќе се вратат во Вашингтон за да го посетат споменикот во Пентагон, кој исто така беше погоден во нападите.