Американскиот претседател Џо Бајден на настан во Ајова зборуваше за цената на домашната енергија, а истовремено се осврна и на војната во Украина.
Бајден ги нарече руските акции геноцид. Ова е првпат американската администрација да го користи зборот „геноцид“.
„Вашиот семеен буџет, вашата способност да го наполните резервоарот, ништо од ова не треба да зависи од тоа дали диктаторот ќе објави војна и ќе изврши геноцид“, нагласи Бајден.











