Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бараат и втор кандидат за избор на епископ на Дебарско-кичевска епархија – собир на верници во Скопје

/

пред 516 дена

Сподели преку :

Верници со поддршка за епископот Партениј да биде избран за митрополит на Дебарско-кичевската епархија денеска протестираа пред резиденцијата на МПЦ-ОА. Нивните пораки се дека треба да го слушне народот.

Протести имаше и во Охрид, откако во јавноста се појави информацијата дека архиепископот Стефан го предлага новоизбраниот монах Георгиј за нов митрополит, прашање кое ќе се разгледува на синодската седница закажана за 12 јуни.

Верниците се зачудени како архиепископот Стефан, со еден кандидат како предлог, предлага избор. Велат дека за да има избор потребно е да има предложено повеќе кандидати.

Инаку отец Георгиј или поранешниот декан на богословскиот факултет и екс-амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски беше замонашен на 27 мај.