Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бараат зголемување на платите како на функционерите – протести на јавнообвинителската и судска администрација

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

Незадоволни од платите и со желби да им се покачат колку на функционерите, вработените во судската и јавнообвинителската администрација, поддержани од Независниот синдикат, денеска трет ден на протест. Бараат покачување на платите од 78 отсто и враќање на додатокот за работа од 35 отсто.

Велат дека неделава постои можност за организирање и на генерален штрајк, доколку нема одговор на нивните барања со што би се блокирала работата на судовите. Синдикалците се пожалија оти во новодонесениот Буџет, кој тежи пет и пол милијарди евра, не биле предвидени средства за нив.

Велат дека доколку се нема слух за нивните барања, ќе престанат со работа со што во прашање ќе се доведе судството во земјата, а тоа како што велат многу поскапо ќе ја чини државата.

Во петокот, синдикатот на УПОЗ одржа протест пред Владата, откако претходно имаа две средби кои завршија без конкретна понуда за решавање на проблемот.