„Шокантно“. Вака премиерот го оцени барањето на Али Ахмети, косовскиот премиер и тамошните политичари да интервенираат за најавеното разгледување на Законот за употреба на јазиците од страна на македонскиот Уставен суд.
Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, пак, ја оцени за хистерична реакцијата на неговата поранешна матична партија, откако Курти рече дека албанскиот јазик не е под закана во Македонија.
Повтори дека е сосема коректна изјавата на косовскиот премиер, во која тој кажа дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд, кој, според него, нема да направи ниту исклучување ниту дискриминација и го почитува повеќејазичниот карактер во земјата.
Откако од Уставниот суд најавија дека ќе се преиспитуваат спорните одредби од Законот за употреба на јазиците, Ахмети испраќа писма до сите меѓународни институции во државата, од кои бара поддршка за своите ставови.
Далиборка Демјанска











