Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барањето за финансика помош за справување со кризата испратено до Европската Комисија

/

пред 1458 дена

Сподели преку :

Македонија денеска и официјално преку писмо побара помош од Европската Комисија (ЕК) за да може да се справи и да ја преброди енергетската криза, но што точно се содржи во него, односно колкави средства и евентуални мерки бараме од Брисел засега останува непознато за да не се наруши процесот на преговори. Министерот за економија Крешник Бектеши е оптимист дека помошта ќе биде навремена и со соодветна сума.

Очекувањата на Владата се дека со помошта која ќе ја одобри Европската Комисија ќе може да го зголеми опфатот со помош за повеќе категории на граќани, ќе го забрза процесот на поставување на фотоволтаици и ќе има финансика инјекција за компаниите со што би се добила бараната предвидливост која ја бараат и би ја задржале конкурентноста на пазарот.

Антикризните мерки Стопанството преку своите комори ги бара уште од јули месец, а Владата даде последен рок до крајот на овој месец дека ќе ги соопшти. Денеска имало состанок со Стопанските комори на кои им е презентирано што точно ќе содржат антикризните мерки, но јавноста ќе ги дознае откако ќе бидат усвоени, бидејќи како што кажа Бектеши треба да поминат низ процес на преговори и разговори со стопанството.

Она што е познато е дека од 1 декември, Владата планира да ја прошири листата на институции и компании кои ќе бидат на регулираниот пазар за струја.

Огнен Чанчаревиќ