Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бавна испорака, погрешни или оштетени производи – над една третина од клиентите во ЕУ се пожалиле на е-шопинг, во Македонија речиси 30 отсто со проблеми

/

пред 211 дена

Сподели преку :

Над една третина или 35,4% од клиентите во Европската Унија (ЕУ) пријавиле проблеми при онлајн купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64%), во Холандија (57,9%) и во Луксембург (51,4%).

Спротивно на тоа, најниски проценти се пријавен во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%).

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите.

На побавна испорака од очекуваното се пожалиле една петина од анкетираните (19,9%). Вториот најчест проблем е тоа што веб-страницата од која купувале била тешка за користење или работела незадоволително (11,5%), а трет била испораката на неточни или оштетени стоки или услуги (10,4%).