Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши: Утре ќе „замрзнат“ цените на јајцата и на оризот

/

пред 1311 дена

Сподели преку :

Mинистерот за економија Крешник Бектеши најави дека утре ќе се „замрзнат“ цените на оризот и на јајцата. Кај шеќерот и брашното ќе нема да се интервенира со мерката, бидејќи цените на тие производи се намалени, тренд што се очекува да продолжи, рече тој на денешната прес-конференција.

Според него, цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот во моментот, а поскапување поради претстојните празници нема да се дозволи.

„Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи“, истакна Бектеши.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и на млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.