Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бен Нупнау: Институциите и општеството мора да обезбедат превенција и заштита со отчетност

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Трагичниот настан минатата недела повторно ни покажа дека безбедноста и достоинството не се гарантирани за многубројни жени и девојчиња, а дека институциите, а и општеството во целина, мора да обезбедат превенција и заштита, рака под рака со отчетност. Со овие зборови Бен Нупнау, вршител на должност амбасадор на Делегацијата на ЕУ, го започна своето обраќање на почетокот на серијата активности фокусирани на родовата еднаквост, суровите економски и социјални проблеми со кои се соочуваат жените во Македонија.

„Не може да говориме за ослободување од насилство, без соодветно третирање на предрасудите и отстранување на системските нееднаквости кои што влијаат врз образованието на жените, нивниот пристап до работни места, напредокот во кариерата и финансиската безбедност и балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот“, забележа Нупнау.

Според Билјана Петровска – Митревска, треба да се креираат политики кои што ќе им дадат можност на жените како да се вклучат во формалната економија, затоа што социјалниот и економскиот статус се поврзани во нашата држава.

„Кога жената ќе има право на еднакви придонеси, кога ќе има право да ја управува својата земјоделска фарма, својот бизнис и ќе има одлучувачка моќ, ние тогаш можеме да кажеме дека таа е вклучена во формалната економија и активна е на пазарот на труд. Политики кои се креираат од социјален аспект жената да седи дома и да зема некои средства, а друг да управува со тие средства, не можеме да кажеме дека има економски напредок“, изјави Билјана Петровска – Митревска, национална асоцијација на фармери.

Во едно традицинално општество како македонското со генерации и генерации наследството се пренесувало најчесто на синовите, дури имало ситуации кога се само ќерки тоа да заврши кај зетот и тоа е несфатливо, но и тоа полека се менува што многу е важно и за економската независност на жените, вели професор Димитрова.

„Но, останува и еден економски сегмент каде што жените се вклучени кој не е доволно третиран, а тоа е наследувањето на семејните бизниси. Веќе десетина години има некои пионерски чекори, меѓутоа како што Македонија ја помина таа трансформација од минатиот век досега се најранливи бизнисите, трансфер од прва кон втора генерација“, изјава проф. д-р Македонка Димитрова, универзитетска професорка и претприемач.

Затоа е потребно да им се помогне на жените и во оваа насока со еден пристап успешно да ги наследат бизнисите, со што ќе ја пренесат пораката дека жените се подеднакво успешни во бизнис секторот и воедно ќе ја потврдат својат економска моќ.

Нина Стефанова