Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

/

пред 885 дена

Сподели преку :

Двократниот европски првак во кревање товар во категоријата до 85 килограми, Александар Пелешенко (30) загина на фронтот во Украина, објави украинската федерација за кревање товар.

Пелешенко беше европски првак во 2016 и 2017 година, а на олимпските игри во Рио де Жанеиро беше на дофат на медал, но заврши на четвртото место. Во 2018 година беше суспендиран поради позитивен наод на допинг контрола.

Од украинскиот олимписки комитет му оддадоа почест на загинатиот спортист, наведувајќи дека се придружил на вооружените сили од првиот ден на војната со Русија.