Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бесплатна линија за пријавување изборни неправилности во канцеларијата на Народниот правобранител

/

пред 382 дена

Сподели преку :

Од денеска, во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатната телефонска линија, на која граѓаните можат да пријават повреди на своите права поврзани со изборниот процес.

Линијата ќе биде активна за време на целата изборна кампања, како и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори.

Сите пријави што ќе пристигнат по работното време ќе бидат снимени, а Народниот правобранител ќе постапува веднаш по нив, доставувајќи ги до надлежните институции за брзо и ефикасно постапување.

Целта е навремена заштита на избирачкото право и обезбедување фер изборен процес.

Дигитална обработка: Б.С.