Претседателските избори во Русија започнаа денеска и ќе траат до недела. Но, во отсуство на, како што напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Икс, „опозиција, слобода и избор“, тој уште од сега му ја честита победа на актуелниот руски претседател, Владимир Путин.
„Би сакал да му честитам на Владимир Путин за убедливата победа на изборите што почнуваат денеска. Нема опозиција, нема слобода, нема избор“, напиша Мишел на Икс.












