Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Билатерализацијата да се тргне од критериумите за ЕУ – Муцунски од Брисел

/

пред 147 дена

Сподели преку :

Во Брисел се одржува Советот за надворешни работи на Европската Унија на која се поканети и министрите за надворшени работи на Западниот Балкан. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пред почетокот на состанокот изјави дека проширувањето е императив и за Европската Унија и кога станува збор за Западен Балкан тој треба да престане да биде „сива зона“ на Европа. Муцунски притоа рече дека државата постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци. Со Советот за надворешни работи на ЕУ преседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, чија кратка порака до земјите-кандидати е дека треба да се спроведат реформите.