Од полноќ поевтинува дизелот за два денари, а бензинот останува со иста цена. Првиот човек на регулаторна, Марко Бислимоски, вели дека цените ги формираат преку утврдена методологија базирана на цената на светските берзи, а за обвинувањата во јавноста во овој дел, вели дека ако некој може да најде нафта во државата, со задоволство ќе го отстапи своето место.











