Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бислимовски во „Топ тема“: Ако има доволно гас и се држиме до планираното производство, ќе нема промена на цената на парното од 1 јануари

/

пред 1459 дена

Сподели преку :

Нè очекува исклучително тешка зима, но ако има доволно гас за Те-То за компанијата да даде поевтина електрична енергија за топланите и ако се држиме до плановите за производство на електрична енергија, ќе имаме порелаксирана ситуација и ќе нема промена на цената на парното од 1 јануари, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во вечерашното интервју во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Свесен сум дека граѓаните се наоѓаат во неизвесност, но да се надеваме дека цените ќе бидат стабилни. Ние, сепак, треба да бидеме подготвени за секое сценарио“, нагласи Бислимовски.

Тој нагласи дека се наоѓаме пред период во кој сè уште има многу непознати, но, истовремено, има и многу оптимизам дека сè ќе биде во ред.