Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битиќи: Изборот за универзален снабдувач со електрична енергија не е заглавен

/

пред 990 дена

Сподели преку :

Не е заглавен изборот за универзален снабдувач со електрична енергија, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, Комисијата за евалуација работи секојдневно на тоа.

Мислам дека веќе наредните денови Комисијата ќе излезе со конкретен резултат, нагласи Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.

Битиќи исто така негираше и дека владата ќе ги укине субвенциите за електрична енергија од први јули.

Според него, има одлука за субвенционирање на електричната енергија до 30 јуни оваа година, а следната влада што ќе биде предводена од СДСМ е подготвена, како што нагласи, да донесе одлуки битни за граѓаните, а тоа е субвенција.

Ако дојде друга влада, прашајте ги нив, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.