Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битола доби патека на славните која е дивоградба

/

пред 768 дена

Сподели преку :

Битола доби патека на славните која е дивоградба. Организаторот  на Фестивалот Браќа Манаки, без дозвола на ниту една надлежна институција, отстрани  дел од старите гранитни плочки на Широк Сокак, кој е под заштита  како културно наследство од особено големо значење и на нивно место постави нови со изгравирани ѕвезди и имиња на 18 кионматоргафери, досегашни лауреати на фестивалот. Директорот Симеон Дамевски, откако ги постави ѕвездите, дојде во  Советот на општина Битола, рече дека деновиве поднел барање до Управата за културно наследство  и   бараше дозвола плочките  да останат додека помине манифестацијата, па потоа рече ако треба ќе ги отстрани и ќе ја надомести штетатат.

-Дајте тоа сега да го поминеме, ние ќе ја терама постапката, па ако рече Управата за заштита на културно наследство ќе ги вадиме. Не сакам да го кршам законот, тие ќе ги извадиме и ќе ставиме нови плочи. Ако има начин тоа да го коригираме сега апелирам, па сите заедно да одиме во Управата и да ги молиме, рече Симеон Дамевски, директор на ИФФК браќа Манаки.

Советниците му појаснија дека сега веќе ништо не може да се направи,  процедурата е не е запазена од самиот почеток и  законот е прекршен,  а Дамевски некој го донел во заблуда затоа што со заклучок само од Комисијата за јавни и комунални дејности ја постави Патеката на славните.

-Законските процедури  ги водата други институции надвор од Советот. Кога нас би биле претставени законските можности, не верувам дека некој ќе гласа против. Но, без согласност на Управата за заштита на културно наследство, без согласност на други институции кои се инволвирани во постапката сметатм дека тоа  е бесправно направено, изјави Анастасија Трајковска, архитект и член на Совет на Општина Битола.

Од Управата за заштита на културно наследство велат дека  ќе постапат во рамките на нивните надлежности, а во зависност од тоа што ќе се утврди на лице место, односно дали е предизвикана штета на културното наследство ќе зависта следните чекори. Инаку  ИФФК Браќа Манаки беше отворен синоќа со доделување на наградата златна Камера 300 за животно дело на  францускиот кинематографер Бруно Делбонел

 

-Благодарам, навистина не знам  што да кажам. Кога Симеон ми се јави за наградата, реков нема шанси, па не сум се уште пензионер.Навистина ми е чудно. Со оваа нагрда сакам да одадам почит на сите кинематографери, кои што се тука и од сите останати од кои што многу научив. Она што сакам да го направам е да му го дадам на киното она што ми го даде мене, изјави Бруно Делбонел француски кинематографер

На отворањето беше прикажан филмот „Партенопе“ кој е во официјалната селекција на фестивалот, а во седумте фестивалски дена публиката ќе има можност да погледне  65 филмски остварувања.