Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битола се празни покажа последниот попис

/

пред 1624 дена

Сподели преку :

Секој ден во изминатите 20 години  Битола  губеше по 1,5 жител, а годишно по  540  свои граѓани.   Вака може да се претстави депопулацијата меѓу двата пописи, период во кој градот е намалена  за повеќе од 10 илјади жители. Податоците покажуваат дека  над   10 проценти од младите битолчани  кои во 2002 имаа од 15 до 34 години, сега  не се во државата.  Експертите  велат ова е  катастрофална загуба, а освен  невработеноста, на младите  им пречи политиката, партизација, корупцијата…

Причините се економски и неекономски. Економските нормално се  поголеми плати, но според мене не е тоа пресудно. Имавме ние истражувања, поголем дел од младите бегаат поради поголемите можности што ги имаат во западните држави, да си направат кариера, да се се реализираат, да немаат притисоци и нервози како овде, вели проф. д–р  Златко Жоглев, социолог.

Пописот покажа дека  за 25 проценти во општина Битола  има помалку деца од 0 до 14 години во однос на 2002. Жоглев вели дека внатрешната миграција, лошите политики и опустошените села,  каде традиционално се раѓаа повеќе деца, се   причина за намалување на наталитетот.

-Деца може повеќе да се раѓаат на село, каде има повеќе простор, каде има потреба од работна сила, не може во град во стан да има многу деца. Нема повеќе од 2 деца во едно семејство кое живее во стан во некој град, вели Жоглев.

Ако со  иселувањето на младите  во странство државата губи образован кадар,   со празнење на селата   и миграцијата  во градот, се напушта обработливото земјиште во Пелагонија,  се намалува производството на храна,  се празни внатрешноста од земјава, а главниот град е пренаселен,  вели Жоглев и додадва   дека  потребна е добра стратегија и силна волја за да се спречи оваа депопулација.

Емилија Мисирлиевски