Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битолчанка измамена за 20 илјади евра откако и рекле дека на ќерка ѝ треба да се вградат „златни шипки“

/

пред 319 дена

Сподели преку :

Битолчанка на 70-годишна возраст ид Битола пријавила во полиција дека била жртва на измама во која загубила 20.000 евра.

Инцидентот се случил на трети декември 2025 година, околу 10:19 часот, кога непознато лице телефонски ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно паднала по скали и ги скршила вилицата и ногата, поради што наводно требало итно да ѝ бидат вградени „златни шипки“.

Исплашена од информацијата, жената ги оставила парите на претходно договорено место. Подоцна, кога стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за класична телефонска измама.

Случајот е пријавен во СВР Битола, од каде што информираат дека се преземаат мерки за негово целосно расчистување и идентификација на сторителот.

Т.Д.