Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Блок 1 од РЕК Битола исклучен – се врши ремонт

/

пред 1346 дена

Сподели преку :

Утрово Блок 1 на РЕК Битола е исклучен од мрежа заради интервенции во цевкодниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот.

Се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа, соооштуваат од компанијата.

Потсетуваме дека заради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено тоа се прави, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена. Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа. Блок 2 и Блок 3 на РЕК Битола во моментов работат без проблеми. Ремонтни активности на Блок 2 се предвидени за следната недела. За сиот овој период, АД ЕСМ ги задоволува потребите за електрична енергија на конзумот со производство од останатите свои капацитетите. Увоз на електрична енергија нема, се вели во сооштението на РЕК Битола.