Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

БЛОКАДАфест со артисти пред фабриката „Усје“ во борба за чист воздух

/

пред 227 дена

Сподели преку :

Утре во периодот од 15:00 до 23:00 часот, пред фабриката „Титан Усје“, ќе се одржи БЛОКАДАфест – музички протест со јасна порака дека правото на чист воздух е уставно загарантирано и не смее да биде предмет на преговарање.

Под мотото дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен, на настанот волонтерски ќе настапат повеќе музичари и диџеи: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка.

Организаторите порачуваат дека нивната поддршка е доказ оти не станува збор за изолиран протест, туку за заедничка граѓанска борба против загадувањето. Според нив, додека фабриката продолжува да загадува, граѓаните ќе излегуваат јавно да го блокираат „загадувањето“, барајќи институциите да преземат конкретни мерки.

Минатата недела како увертира за настанот утре беше организиран диџеј сет на една од најпрометните скопски раскрсници каде минувачите се придружија и танцуваа.

Настаните ги организира иницијативата „Стоп за Усје“, која и претходно спроведуваше активности поврзани со еколошки и граѓански прашања, насочени кон обезбедување почист воздух во главниот град.

Т.Д.

(Видео)Герила акција со порака: „Без Усје полесно се дише“ – диџеј пушташе музика на скопската раскрница додека граѓаните танцуваа