Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Блупринт групата со поддршка на реакцијата на Судски совет, на Врховниот суд и на Здружението на судии до премиерот

/

пред 339 дена

Сподели преку :

Блупринт групата за реформи во правосудството ја поддржува реакцијата на Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии до премиерот Христијан Мицкоски за неговите коментари за судиите и судството. Од таму нагласуваат дека неаргументираните напади врз судството го поткопуваат демократскиот принцип на рамнотежа меѓу трите власти и дека е од суштинско значење да се почитува судската власт како независна власт за да се зачува владеењето на правото и европската перспектива на земјата.

„Токму тоа е истакнато и во Извештајот на ЕК, каде јасно е нагласено дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт. Очекуваме овие институции да продолжат со проактивно и координирано дејствување за зајакнување на независноста и професионалноста на судството“, се наведува во соопштението на Блупринт групата за реформи во правосудството.