Три од 16-те милиони евра буџетски пари за должниците на струја одат кај Железници – со ова се покрива половина од сумата што претпријатието ја должи на ЕВН.
Министерот за транспорт Бочварски одлуката за покривање на долгот на Железници ја правда со економската криза, и најави дека се подготвува либерализација на патничкиот железнички транспорт.











