Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Богата новогодишна програма, но без огномет, најави Ѓорѓиевски

/

пред 303 дена

Сподели преку :

„Ќе биде лудо“. Вака со неколку зборови опишаа каква забава ќе приредат македонските пејачки Тамара Тодевска и Каролина Гочева кои ќе бидат дел од програмата за дочекот на новата година. Со нив на бината ќе се најдат и Лара, Пајак, Лина Пејовска, Куку Леле, Миле Кузмановски, Два бона, Огнен Здравковски. Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, многу подароци и изненадувања за сите генерации, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Скопје за првпат нуди континуирана и разновидна празнична програма за сите наши возрасти. Секој викенд од 12 до 14 часот содржините се целосно посветени на нашите најмали со анимации, креативни работилници, интерактивни активности и празнични изненадувања. Во вечерните часови програмата е наменета за младите и возрасните создавајќи топла и жива празнична атмосфера“, вели Орце Ѓорѓиевски градоначалник на град Скопје. 

Централниот дел од новогодишната програма започнува на 27-ми, период во кој градоначалникот Ѓорѓиевски смета дека Скопје ќе живее во полн празничен ритам. Посебна можност во празничните денови градот ќе им даде на талентираните средношколци. Ѓорѓиевски додаде дека на 31 декември Скопје ќе има централна манифестација за дочекот на Новата година, додека, пак, општините до тогаш ќе организираат настани.

Сепак, новата 2026-та година ќе биде дочекана без огномет. Прославата на плоштадот во Скопје е организирана од „Државна видео лотарија“ која и ќе ги плати музичарите, додека, пак, украсувањето на градот, ќе биде од градската каса и ќе чини нешто помалку од 70.000 евра. Денеска се украсуваше плоштадот, а се поставуваше елката и дрвените куќарки.

Симона Петровска