Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Болсонаро конечно го прекина молкот по поразот – ниту му честиташе на Лула да Силва, ниту го оспори резултатот

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Бразилскиот претседател, крајниот десничар Жаир Болсонаро, конечно го прекина молкот по поразот кој го претрпе на изборите оддржани во недела.

Тој им се заблагодари на граѓаните кои гласале за него, но ниту го призна поразот, ниту го оспори резултатот, како што стравуваа дел од неговите политички противници.

По кусото обраќање на Болсонаро, шефот на неговиот кабинет сепак најави дека ќе започне процесот на транзиција на власта во Бразил.

Жаир Болсонаро, кој пред одржувањето на изборите тврдеше дека „само Господ“ може да го отстрани од претседателската функција, изјави и дека секогаш во текот на својот мандат работел во рамките на уставот на државата и дека ќе продолжи да го почитува.

Во својата изјава, Болсонаро воопшто не го спомена левичарот Луиз Инасио Лула да Силва, победникот на претседателските избори во Бразил.

Тензиите во најголемата јужно-американска држава ескалираа откако популистот Болсонаро не ја испочитува традицијата, како губитник на изборите, да го признае поразот и да му честита на Лула Да Силва.

Дел од најверните следбеници на Болсонаро одбиваат да ја прифатат реалноста и поразот на досегашниот претседател, поставувајќи блокади на голем број автопати ширум државата.

Полицијата потврди дека досега расчистиле над 300 блокади на патиштата, но остануваат уште 267.

Десетици авионски летови од и кон меѓународниот аеродром во Сао Пауло мораа да бидат откажани, откако демонстрантите целосно го блокираа и сообраќајот кон овој аеродром. Нарушено е и редовното снабдување со храна на повеќе градови, откако разочараните следбеници на Болсонаро излегоа на блокадите, револтирани од информацијата на централната изборна комисија за победата на Лула да Силва.

По пребројувањето на гласовите, за Лула се определиле 50,9 % од граѓаните, додека Болсонаро ја добил поддршката од 49,1% на избирачите.

Во број на освоени гласови, Лула освоил над 2 милиони гласови повеќе од Болсонаро.