Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бомбардирана џамија во близина на болница во јужен Либан – Израел тврди дека била скриен команден центар на Хезболах

/

пред 746 дена

Сподели преку :

Израелската војска соопшти дека бомбардирала џамија во непосредна близина на болница во јужен Либан, тврдејќи дека во неа има скриен команден центар на Хезболах. Израелските одбранбени сили, на мрежата Икс објавија дека нападот бил насочен кон терористи на Хезболах кои ја користеле џамијата во близина на болницата Салах Гандур, за да планираат напади против Израел.

Во друг напад синоќа била погодена и болницата во јужниот град Бинт Џбеил, при што биле повредени најмалку девет лица од медицинскиот персонал. Најмалку четири болници во јужен Либан веќе престанаа со работа поради борбите, додека другите се преполни.

Израелската армија соопшти дека до жителите се испратени известувања со предупредување да ја напуштат областа пред последниот напад.