Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

/

пред 496 дена

Сподели преку :

Никој не може да одговори колку ќе трае, односно колкав е ризикот од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, истакна Боријан Борозанов, директор на „Џонсон Мети“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Она што сигурно може да го очекуваме на краток рок е дополнително оптоварување на транспортните рути и синџирите за добавување од потенцијалната ескалација во Црвеното Море. Целиот транспорт од Кина кон Европа веќе е под ризик во изминатите две-три години. Ова се дополнителни фактори што може да го оптоварат. На подолг рок треба да видиме. Цената на нафтата скокна. Прашање е колку и како тоа ќе се балансира. Уште една непозната во неизвесноста во која живееме. Евидентно е дека ќе има негативен раст на глобалниот развој оваа ескалација на конфликтот“, смета Борозанов.