Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бошњачки демократски сојуз: Стоиљковиќ во Владата го прими Додик, кој е на црната листа на САД

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Бошњачкиот демократски сојуз со реакција по посетата на Милорад Додик на Скопје, велат вицепремиерот  и министер за односи меѓу заедниците Стоиљковиќ во Владата на Република Северна Македонија оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција.

  • Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа Влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти,  врз основа кои се осудени одредени лица а со чија  глорификација  и говор на омраза Додик направи и сеуште ја одржува својата  политичка кариера! Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи, се вели во соопштението од Бошњачки демократски сојуз.