Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Божиновска: Нема да има „блек аут” како во Шпанија и Португалија

/

пред 520 дена

Сподели преку :

Министерката за енергетика Божиновска не очекува проблеми со мрежата во летниот период. Откако за време на велигденските празници, поради преоптовареност на мрежата, а намалена потрошувачка на струја, беа исклучени некои производители, а истото се очекуваше да се случи и за 1 мај, надлежните барем за сега не гледаат причина да се појават вакви проблеми на вишоци на струја за време на летниот период со образложение дека поради топлото време клима уредите се постојано вклучени во домовите и потрошувачка на струја има.

„Ние сме спремни, не можеме да кажеме 100 проценти, но 90 отсто со сигурност можам да кажам дека „блек аут“ како во Шпанија и Португалија нема да има. Проблеми во летото нема да има. Ова е само проблем во периодот април, мај кога сите се дома или индустријата кога не работи, а во лето ќе работат климите, ќе има конзум, така да ние сме спремни. Сите од МЕПСО работат на ова во соработка со Европската мрежа на системски оператори за електрична енергија“, рече министерката за енергетика, Божиновска.